Фудбалер убиен за време на натпревар, убиецот истрелал шест куршуми и избегал со мотоцикл

За време на пријателски натпревар во Куатро, Мексико, е убиен фудбалерот Серхио Алберто Хауреги.

Хуареги (28) бил застрелан од огнено оружје, и тоа среде натпревар. Во еден момент од натпреварот, Хуареги дошол до клупата на својот тим за да се освежи, но во тие моменти му пришол непознат напаѓач и во него истрелал шест куршуми, објави мексиканскиот портал „Инфобае“.

Лекарските екипи се обиделе да го реанимираат, но не успеале во намерата.
Според мексиканските медуми, напаѓачот откако го застрелал фудбалерот, избегал на мотоцикл.

„Жалиме поради смртта на нашиот поранешен играч и капитен Серхио Хауреги кој ги бранеше боите на нашиот тим. На неговото семејство му изразуваме сочувство“, објави неговиот тим Сан Луис.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести