Судтирол, членот на Серија Б, го избрка фудбалерот Амну Мутасим поради бизарна причина.
Младиот фудбалер му го украл автомобилот на соиграч во Судтирол и потоа во центарот на градот возел со 100 километри на час и ѝ бегал на полицијата. Кога бил запрен, полицијата утврдила дека тој немал ниту возачка дозвола.
Челниците на Судтирол веднаш му го раскинале договорот на Мутасим поради прекршување на етичките кодекси и ќе одговара на суд поради кражба на автомобил и давање отпор и бегање од полицијата.