Бугарските екипи не сакаат да играат против македонски ривали, а кога играат со српски противници, тогаш се тепаат (Видео)

Српскиот првак Црвена ѕвезда и бугарскиот тим на Ботег одиграа меч кој не го дочека крајот. На подготовките во Кипар, во дуелот на овие два тима се случи општ хаос во 67-мата минута.

Српскиот тим водеше со 2:1 кога по еден дуел меѓу Урош Спахиќ и Барбоса, фудбалерот на Ботев тргна да се тепа со противникот. Барбоса го удри Спахиќ директно во лицето, по што настана мешаница во која учествуваа повеќе играчи од двата тима.

Откако се смирија страстите на теренот, тренерот на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ, реши да го повлече својот тим и мечот не продолжи.

Интересно е дека во овој подготвителен период екипите од бугарскиот фудбал одбиваа да играат пријателски средби со клубови од Македонија, а сега и на подготвителен дуел со српски ривал успеаја да направат инцидент и прекин.

- Оглас -

Најнови вести