Луис Хамилтон и официјално на крајот од сезоната ќе си замине од тимот на Мерцедес, а следната дестинација на британскиот возач ќе биде екипата на Ферари.
Седумкратниот светски првак во Формула 1 од 2025 година ќе седне во болидот на Ферари, нешто што до неодамна делуваше неверојатно.
BREAKING: Lewis Hamilton and Mercedes to part ways at the end of the 2024 season#F1 @MercedesAMGF1 @LewisHamilton pic.twitter.com/AjxSMgmZUu
— Formula 1 (@F1) February 1, 2024
Во своите најдобри години, Хамилтон беше најголем ривал на Ферари, а сега реши својата последна шанса за нова титула во Ф1 шампионатот да ја бара како возач на тимот од Маранело. Ферари ќе биде трет тим во кариерата на Хамилтон. Британецот започна како возач во Мекларен, а потоа дојде во Мерцедес.
Возач на Мекларен беше во периодот од 2007 до 2012 година и таму ја освои првата титула, па потоа се пресели во Мерцедес, тим со којшто доминираше и освои уште шест титули светски првак во Ф1.
Искусниот 39-годишен Хамилтон е апсолутен рекордер во Ф1 со 103 победи и 104 пол-позиции. Хамилтон во Ферари ќе биде совозач со Шарлс Лекер, со што станува јасно дека од Ферари на крајот од 2024 година ќе си замине Карлос Саинц.