Реал Мадрид скапо ја плати победата, незадоволни се од судењето (Видео)

Реал Мадрид победи на гостувањето кај Хетафе со 2-0 и повторно е лидер на табелата во шпанската Ла Лига, но во Кралскиот клуб се загрижени и незадоволни од случувањата на теренот и од арбитражата на Де Бургос Бенгоечеа.

Првиот голем проблем за Реал е повредата на Антонио Ридигер. Германецот при еден негов старт, доби удар и на полувреме мораше да биде повлечен од игра. Ридигер сезонава е во голема форма, командант е на одбраната и во Реал се молат тој да закрепне денеска-утре, за да може в недела вечер да игра на дербито против Атлетико. Карло Анчелоти рече дека Германецот е воин и дека тешко дека нема да игра против Атлетико.

Во финишот на средбата, имаше спорна ситуација во која Брахим Дијас беше фаулиран во 16-никот на Хетафе, но судијата на терен и тој во ВАР-собата проценија дека нема пенал. Ова не е единствениот „грев“ на Бенгоечеа. Тој во 92-рата минута му покажа жолт картон на Орелиен Чуамени, а тоа значи суспензија.

Чуамени нема да игра против Атлетико и тоа е хендикеп за Реал бидејќи Французинот беше прва опција за централен дефанзивец во случај Ридигер да не може да игра. Анчелоти беше многу лут, по мечот негодуваше кај судијата, па и тој си доби картон.

- Оглас -

Најнови вести