Партизан се врати од -12, но загуби во драматична завршница од Болоња

Кошаркарите на Партизан загубија со 88-84 на гостувањето кај Виртус Болоња, откако мечот беше одлучен во последните моменти. Белграѓани одлично го отворија мечот, имаа предност во првата четвртина, но потоа следуваше пресврт и високи +12 за Виртус Болоња.

Во последниот период Партизан успеа да се врати резултатски, дури и да поведе, но избраниците на Жељко Обрадовиќ немаа сили да го задржат водството до крајот на мечот и да победат.

Кевин Пантер беше најефикасен на паркетот со 22 поени, што сепак не беше доволно за позитивен резултат за екипата на Партизан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести