Американскиот кошаркар Треј Томпкинс ќе биде најновото засилување за екипата на Црвена ѕвезда. Тој од 2011-тата до 2013-тата настапуваше во НБА лигата, за екипата на ЛА Клиперс, но имаше скромна минутажа и забележа само 24 настапи.
Во 2018-тата година ја освои Евролигата со Реал Мадрид и тоа токму во Белград, додека во 2009-тата година со репрезентацијата на САД до 19 години дојде до титулата на Светското првенство во Нов Зеланд.
Последниот ангажман го имаше во екипата на Зенит и тоа минатата сезона, додека есенскиот дел немаше клуб.