Црвена ѕвезда има пеколно гостување, но со овој ривал има осум победи по ред

Црвена ѕвезда е убедливо најдобар тим во регионалната АБА-лига, но вечерва ќе има голем предизвик да победи на гости. Легендарната сала „Морача“, која е позната по „жешката“ атмосфера што ја прават фановите на Будуќност, ќе ги угости Црвено-белите.

Традицијата вели дека Црвена ѕвезда има осум победи по ред во дуелите со Будуќност, но црногорскиот тим има пет победи по ред во регионалната лига и тоа треба да е мотив за домаќините да стигнат до триумф.

Партизан го победува Сплит во сите досегашни нивни пресметки во АБА-лигата, а за вечерва се очекува Црно-белите да бидат убедливи, па се најавува дури и победа со над 15 разлика.

Домашниот терен треба да го искористи и Морнар, кој во Бар е домаќин на Цибона.

За денешните три меча, во понудата на Sport Life има и дури 39-мина кошаркари за играта „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести