Стадионот „Неза 86“ бил еден од домаќините на Светското фудбалско првенство во Мексико, кое се одржало пред речиси 38 години, односно во 1986 година. Овој стадион тогаш бил домаќин на три натпревари од групната фаза, но веќе една деценија е надвор од употреба и комплетно руиниран.
„Неза 86“ е во државна сопственост, но е изграден на мочуришно земјиште и постојано тоне, па властите сметаат дека негова реконструкција не е можна и во моментов се користи само како паркинг за оние кои доаѓаат на концертите кои се одржуваат во негова близина.
Токму Мексико ќе биде еден од домаќините на следното Светско првенство, кое ќе се одржи во 2026 година и прво на кое ќе има три зејми домаќини, но и 48 репрезентации учеснички.