Тренерот на Абердин, Нил Ворнок, не штедеше зборови на пофалба за македонскиот напаѓач Бојан Миовски, кој за неколку дена им даде голови и на Селтик и на Ренџерс во шкотската лига.
Ворнок е среќен што во зимскиот преоден рок Миовски не бил продаден и покрај тоа што имало интерес за него.
„Му кажав и на Миовски, не сум видел играч како тебе ниту во англиската Премиер лига, камоли во Шкотска. Знае да игра повлечено и тоа ни дава опција да ставиме во игра уште еден напаѓач. Мило ми е што ниту еден друг клуб не го купи Бојан зимава. Клубот ќе добие многу пари од неговиот трансфер“, рече Ворнок.
Миовски има одлична сезона со дадени 20 гола во сите натпреварувања, а 13 само во шкотската Премиер лига.