Лионел Меси одигра половина час за Интер Мајами на пријателскиот меч со Висел Кобе, а дуелот на јапонскиот и американскиот тим заврши без голови 0-0, по што се изведуваа пенали во кои Меси не се појави, иако Интер изведе шест шута од белата точка (ги утнаа последните три).
Јапонците сакаа да го видат Меси и им се исполни желбата. Лоши вести за Интер се повредата на Серхио Бускетс и тоа што Меси, Луис Суарес и другарите не успеаја да постигнат гол.
https://twitter.com/i/status/1755202245770060192
Пред мечот, Андрес Иниеста, кој беше во Кобе на крајот на кариерата, ги пречека старите другари од Барселона (Меси, Суарес, Бускетс и Алба) и средбата ја овековечија со фотографија.
Инаку Меси додека беше на терен, на моменти покажа дека е мајстор, а по мечот доби овации од публиката.
https://twitter.com/i/status/1755204171551113454