Бенфика ќе продолжи со ефикасни игри

2887 Анталијаспор – Бешикташ (18.45)

Ова е меч од осминафиналето на турскиот куп. Се игра еден натпревар, нема реванш. Квотите за конечен тип за единица и двојка се блиски и тоа најавува голема неизвесност околу патникот во следната рунда. Двата тима имаат шарени резултати во последно време, и победуваат и губат, знаат и да ремизираат. Во ноември, во лигашкиот дуел на овие два тима во Анталија, домашните победија со 3-2.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.40)

 

8467 Милано – Реал Мадрид (20.30)

Реал е убедлив лидер на кошаркарската Евролига само со три порази сезонава, има серија од три победи по ред, а Манекените од Милано имаат четири порази во последните пет кола, па почнаа да заостануваат во трката за места кои водат во плејофот. Милано во претходните две рунди примаше по 79 поени. Реал е најефикасен тим во Евролигата, а Милано е претпоследен по ефикасност, нив посилна страна им е одбраната. Реал има серија од пет победи по ред против Милано (Италијанците не го победиле Реал од 2020 наваму), есеноска во Мадрид беше 88-71.

Предлог тип: 2 & >158.50 (2.85)

 

8466 Партизан – Баерн Минхен (20.30)

По трите порази во последните четири кола, Партизан мора да победи за да се приклучи кон екипите кои се борат за место во разигрувањето во Евролигата. Партизан е тим којшто и дава и прима повеќе поени отколку Баерн. Црно-белите ќе сакаат да се извадат пред своите фанови за големиот кикс против Сплит во АБА-лигата. Партизан во ноември загуби од Баерн во Минхен, па и тоа е мотив плус за домашните.

Предлог тип: Х 1 -6.50 (1.75)

 

2868 Руен – Монако (20.45)

Нема дилеми дека во овој дуел од Купот на Франција, голем фаворит е гостинскиот тим. Во оваа осминафинална фаза нема реванш, се игра само еден меч, па Кнезовите ќе треба во 90 или 120 минути да ја оправдаат фаворитската улога. Монако има серија од шест меча по ред на кои и дава и прима гол, па веројатно ќе треба да постигнат барем два гола за да победат.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.73)

 

2878 Визела – Бенфика (21.45)

Визела ја доби честа во четвртфиналето на Португалскиот куп да ја пречека Бенфика и да проба да ја изненади, но тешко ќе оди, Визела има четири порази едноподруго. Лисабонските Орли се големи фаворити, проблемот на Визела е одбраната, примија 15 гола на последните четири меча во првенството. Бенфика на сите мечеви во 2024 година дава барем два гола.

Предлог тип: Т2 3+ & (2.22)

 

- Оглас -

Најнови вести