Пеколни се групите во Сегментот А од Лигата на нациите, Србија ќе има шанса да се реваншира на еден голем должник

Новото издание во Лигата на нациите сигурно ќе понуди многу возбудувања и интересни мечеви откако денеска на ждрепка во Париз беа познати сите групи во четирите сегменти на ова натпреварување. Сите четири групи од Сегментот А се пеколни.

Србија ќе има шанса да ѝ се реваншира на Швајцарија за поразот од СП 2022 година во Катар. Хрватска е лидер во групата во која се и Португалија, Полска и Шкотска, а интересно е дека Босна и Херцеговина ќе мора да игра против Холандија, Унгарија и Германија.

Македонија е дел од Сегментот Ц и ќе биде дел од Група 4 со репрезентации против кои реално имаме шанса да се натпреваруваме и да атакуваме на првото место. Групата во која се најде Македонија може да ја погледнете ТУКА.

Сегмент А:

Група 1: Хрватска, Португалија, Полска, Шкотска.

Група 2: Италија, Белгија, Франција, Израел,

Група 3: Холандија, Унгарија, Германија, Босна и Херцеговина.

Група 4: Шпанија, Данска, Швајцарија, Србија.

Сегмент Б:

Група 1: Чешка, Украина, Албанија, Грузија,

Група 2: Англија, Финска, Р. Ирска, Грција,

Група 3: Австрија, Норвешка, Словенија, Казахстан.

Група 4: Велс, Исланд, Црна Гора, Турција.

 

- Оглас -

Најнови вести