Синоќа се одигра пријателски натпревар меѓу саудиските Ал-Хилал и Ал-Наср (2:0), на кој буквално полуде Кристијано Роналдо.
Португалецот во неколку наврати беше лут поради одлуките на судијката од САД, Тори Пенсо, викаше на неа и повеќе пати со рацете и покажуваше да го напушти теренот.
https://twitter.com/i/status/1755677231974674642
По завршување на мечот, фудбалерите на Ал-Хилал направија шпалир на средина на теренот и со аплауз ги испратија играчите на Ал-Наср кон соблекувалната, но овој потег не му се допадна на Роналдо, кој одмавнуваше со раката.
Cristiano Ronaldo was not happy during the honorary pass.
pic.twitter.com/6ccWyK2TVu— CentreGoals. (@centregoals) February 8, 2024
На крајот Роналдо одејќи кон соблекувалната направи потег со кој сите ги шокира. Имено, навивачите на Ал-Хилал фрлаа дресови на својот тим, а Роналдо зеде еден од нив и со него ги бришеше гениталиите.
Cristiano Ronaldo's balls are bigger than Al Hilal's entire history. The goat does what he wants when he wants pic.twitter.com/2ty8YCTOrd
— LLF (@laligafrauds) February 8, 2024