ФИФА со официјална реакција околу воведувањето на син картон во фудбалот

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека не планира да воведе син картон како вид казна во највисокиот ранг на фудбалот. Според челниците на ФИФА, во извештаите е констатирано дека е прерано воведување на овој вид казна.

„ФИФА сака да ги расчисти сите дилеми со воведување на таканаречениот син картон. Не е вистина дека планираме да се воведе овој картон во највисокиот ранг на натпреварување. Сите извештаи досега покажуваат дека е прерано за таква новина. Ако има какви било тестирања, тие ќе се прават на пониско ниво. За оваа тема повторно ќе разговараме на 2 март“, стои во соопштението на ФИФА.

Според планираното, синиот картон ќе има улога на казна, и тоа секој играч што ќе добие син картон, ќе мора да излезе од теренот во следните 10 минути. Овој картон ќе се доделува на играчи кои ќе направат опасен старт или нема да имаат почитување кон судиите.

 

- Оглас -

Најнови вести