Манчестер јунајтед дефинитивно лошо помина во првиот меч од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Покрај тоа што загуби на свој терен и речиси сигурно ќе биде елиминиран од елитната лига на УЕФА, најтрофејниот англиски клуб загуби и двајца клучни играчи.
Џели Лингард и Антони Марсијал поради повреда мораа предвреме да го напуштат теренот а сега информациите не се позитивни. Се очекува двајцата да бидат надвор од теренот во следните 2-3 недели, период во кој Манчестер јунајтед ќе игра дерби дуели против Челзи и Ливерпул.
„Мислам дека ги загубивме Лингард и Марсијал за следните 20-тина дена. Тоа е многу лошо за нас, бидејќи двајцата играчи имаа напредок и се значајни за нашата игра. Од друга страна, тоа е можност да се докажат некои други играчи како што се Алексис, Ромелу или Анхел Гомес“, рече менаџерот на Манчестер, Оле Гунар Солскјер.
Манчестер в понеделник ќе гостува на Челзи на „Стемфорд Бриџ“ во меч од петото коло на ФА Купот.