Општ бунт во Бундеслигата: Прекинати два меча, дербито во Леверкузен не почна кога беше предвидено (Фото)

Големото дерби меѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен започна со речиси 10-минутно задоцнување, а причина за тоа е протестот на навивачите. Фановите решија да го продолжат протестот на навивачите и од другите делови во Германија, па ја теренот фрлаа предмети, сакајќи дека покажат дека негодуваат.

Ова е трет меч во ова коло кој има неочекуван прекин, а на сите три, причините се исти. Фановите од трибините протестираат против идејата на челниците на ДФЛ (фудбалската лига на Германија), која има во план да го промени правилникот и да дозволи клубовите да може да бидат приватизирани.

Според правилото во Германија, ниту еден човек не може да има повеќе од 49 отсто од акциите на еден клуб, што значи дека не може да биде доминантен сопственик, а челниците на ДФЛ сакаат ова да го променат, што наиде на рекација од навивачите.

Прво, прекин имаше на дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Фрајбург (победа на домаќинот од 3:0), а попладнево поради истите причини прекин од речиси 20 минути имаше и на средбата меѓу Унион Берлин и Волфсбург (триумф на домаќините од 1:0).

Останува во следниот период да се види дали ќе биде сменето правилото за еден човек да може да биде доминантен сопственик на клуб.

- Оглас -

Најнови вести