МЗТ не сакаше многу да се форсира против Охрид, ФМП со пресврт го доби дербито на дното

МЗТ Скопје Аеродром стигна до 14 победа во 17. коло од домашното првенство, откако без многу мака, рутински го победи Охрид со 81:68. Домаќините постојано имаа предност, но прв пат стигнаа до двоцифрено водство на крајот од третата четвртина кога поведоа со 59:49 и во последните 10 минути без проблем стигнаа до очекуваната победа.

Многу понеизвесно беше на градската пресметка меѓу ФМП Академија и Вардар, а на крајот домаќините победија со 80:74. Варда во втората четвртина ФМП водеше со 23:22, а потоа следуваше многу подобра игра на гостите, па Вардар дојде и до девет поени предност (40:31). Во третата четвртина Црвено-црните водеа и со 15 разлика (52:37), но ФМП не се предаде, па во средината на последната четвртина резултатот беше израмнет на 65:65.

Вардар последен пат водеше со 70:68, а потоа ФМП со серија од 8:0 стигна до водство од 76:70 и на крајот се радуваа на четвртата победа сезонава, додека Вардар остана на три триумфи.

Во останатите мечеви кои се одиграа денеска, Пелистер дома беше подобар од Феникс со 71:67, Гостивар дома загуби од ТФТ Скопје со 77:91, а Чаир беше поуспешен од Кожув во Гевгелија со убедливи 86:70.

 

- Оглас -

Најнови вести