Арсенал го понижи градскиот ривал, навивачите на Вест хем си заминаа уште на полувремето (Видео)

Фудбалерите на Арсенал немаа милост кон градскиот ривал Вест хем, и го понижија со убедливи 0-6. Победникот беше решен уште во првото полувреме, после кое „топчиите“ имаа убедливи 0-4, а навивачите на Вест хем започнаа да го напуштаат стадионот незадоволни од прикажаното од своите миленици.

Букајо Сака беше стрелец на еден погодок, додека останатите четири беа дело на Салиба, Габриел, Тросар и Рајс.

Со оваа победа, Арсенал дојде на само два бода од лидерот Ливерпул, но и се израмни со Манчестер сити кој има и меч помалу, на кој доколку победи, ќе се искачи на врвот на табелата.

- Оглас -

Најнови вести