Неверојатно: Муриќи на петти меч по ред му дава гол на Димитриевски (Видео)

Мајорка го победи Рајо Валјекано со 2-1 во меч од шпанската лига на кој се потврди дека косовскиот напаѓач Ведат Муриќи е најопасен ривал на Столе Димитриевски.

Муриќи попладнево во 91-ва минута му даде гол на Столе за победа на Мајорка, и сега има долга серија од пет меча по ред против Рајо на кои ја тресе мрежата.

Ова е за верувале или не: двата гола за Мајорка денеска ги дадоа истите играчи (Антонио Санчес и Муриќи) кои погодија против Рајо и есеноска во септември кога овие екипи се сретнаа во Мадрид, а за нив двајца ова денеска се први голови од тој меч против Рајо наваму.

https://twitter.com/i/status/1756726257989902785

- Оглас -

Најнови вести