НБА мечевите се рано, после полноќ целиот фокус ќе биде на Супербоулот (Фото)

Вечерва во Лас Вегас се игра популарниот Супербоул, финалето на плејофот во НФЛ лигата во американски фудбал, и тоа е најважниот спортски настан за американската јавност, затоа и ќе нема во исто време натпревари од НБА лигата.

НБА кошарка ќе се игра, но порано вечерва, двата меча ќе завршат пред полноќ, а потоа сите пред телевизор и ќе го следат спектаклот помеѓу Канзас Сити чифс и Сан Франциско 49 ерс.

 

Тимот од Канзас сити, ја брка својата трета титула во последните пет години, беа прваци и во 2019 и 2022. Историски, Сан Франциско е поуспешен, има пет титули, но последната пред 30 години, а пет години не знаат за победа против нивниот вечерашен ривал.

Според квотите во Sport Life, благи фаворити се 49-ките. Има голем број на игри на кои може да се обложите, а тука се и игрите на индивидуалци.

Може да погодите кој играч од 16-те играчи во понудат ќе има тачдаун, за 12-мина може да погодувате колку примања на топката ќе имаат, а опции за обложување ви се и бројот на јарди кои ќе ги имаат при додавањата главните квотербекови, Патрик Махоумс и Брок Пјурди, и колку пати ќе погрешат и додавањето ќе им биде пресечено.

 

- Оглас -

Најнови вести