Леао и Тео искреираа победа на Милан над очајниот Наполи (Видео)

Милан со 1-0 го совлада Наполи во дерби дуел од италијанската Серија А, по кој Росонерите се трети, а наполитанците дури деветти на табелата.

Голот вреден три бода беше дело на Тео Ернандес, кој одлично ја искористи прекрасната асистенција од Рафаел Леао. Французинот сезонава има четири гола, сите на „Сан Сиро“ со што е еден од двајцата најефикасни дефанзивци во Топ 5 лигите според број на голови сезонава на домашни мечеви.

Наполи имаше убава шанса во 90-та минута, но стативата го спаси Милан.

Ова е голот на Ернандес:

- Оглас -

Најнови вести