Трабзонспор го победи Хатајспор со 2-0, а вториот гол за домашните беше дело на Енис Барди. Капитенот на македонската репрезентација немаше дадено гол за Трабзон уште од 1 септември, кога беше двоен стрелец против Касимпаша.
Барди чекаше повеќе од пет месеци за повторно да биде стрелец, а многу му значи и бидејќи беше критикуван од фановите, па голот го прослави со соблекување на дресот, за што доби жолт картон.
Инаку, и во минатата сезона Барди даде гол за Трабзонспор против Хатајспор.
Ова е голот на Барди:
Buna laf atan taraftar lütfen fuzuli futbol ile ilgilenmeyin… #TSvHTY pic.twitter.com/7XJsnYJfeP
— DikOyna (@Tik0yna) February 12, 2024