Кралевите го избегнаа штрајкот, но не и проблемите во Германија, автомобил се удри во автобусот со фудбалерите

Фудбалерите на Реал Мадрид кои утревечер ги очекува дуел со Ред Бул Лајпциг во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, доживеаја вистинска драма по пристигнувањето во Германија бидејќи возач се удри во клупскиот автобус.

Поради штрајкот на аеродромот во Лајпциг, Кралевите мораа да го сменат планот за да не им се нарушат плановите за утрешниот натпревар и тоа им донесе главоболки.
Наместо директен лет за Лајпциг, авионот во којшто беа фудбалерите на Реал Мадрид слета во 11.38 часот во Ерфрут, по што Кралевите тргнаа со автобус на патувањето долго 160 километри до Лајпциг.

Но, на автопатот А4 помеѓу Ајхелборн и Нор, автомобил од марката Тојота се судрил со автобусот на Кралевите. Според магазинот „Билд“ немало големо оштетување на автобусот во којшто биле играчите на Реал Мадрид, кои не го почувствувале судирот.
Експедицијата на Кралевите во Лајпциг пристигнала во 14.40 часот.

- Оглас -

Најнови вести