Реал Мадрид се спаси на почетокот, на Лајпциг му беше поништен гол поради офсајд (Фото)

Драматичен беше стартот на мечот меѓу Лајпциг и Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите. Не поминаа 100 секунди, а Лајпциг даде гол за водство од 1:0, но по реакцијата на помошникот-судија и арбитрите од ВАР-собата, погодокот беше поништен.

Беше изведен корнер, топката беше вратена во петерецот на гостите, а Шешко со глава погоди за 1:0. Сепак, судијата покажа офсајд, а од ВАР-собата тоа го потврдија, иако оваа одлука наиде на жестоки реакции посебно на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести