На Реал Мадрид и Манчестер сити им се насмевнува четвртфиналето од ЛШ (Видео)

Фаворитите Реал Мадрид и Манчестер сити победнички поминаа на гостувањата кај Лајпциг, односно Копенхаген, во првите мечеви од осминафиналето во Лигата на шампионите. Двата европски гиганти, кои секако се меѓу главните фаворити и за трофејот оваа сезона, сега во реваншите пред своите навивачи треба само рутински да го одработат пласманот во четвртфиналето од елитната лига на УЕФА.

Во Копенхаген главните возбудувања беа во првото полувреме, кога беа постигнати три гола, а еден погодок падна во вториот дел.

Кевин де Бројне погоди за водство на гостите со 1:0 во десеттата минута, но домаќините возвратија преку Матсон со погодокот во 34-тата минута.

Предноста на гостите ја врати Бернардо Силва со погодок во последната минута од првиот дел.

Граѓаните триумфот го потврдија со погодокот на Фил Фоден во 90+2 минута.

Реал Мадрид на гостувањето во Германија до победа стигна благодарение на фантастичниот соло продор на Брахим Дијас на почетокот на второто полувреме. Играчот за врска успеа да помине неколку противнички играчи и потоа биеше прецизно во голот за предност на Реал од 1:0. Овој момент на крајот се покажа и како клучен за радост на гостите од Мадрид.

Кај Лајпциг, последните 15 минути ги одигра и Елиф Елмас, кој влезе од клупата за резерви.

https://twitter.com/i/status/1757511973380522124

 

- Оглас -

Најнови вести