Лунин како октопод имаше девет неверојатни одбрани против Лајпциг

Реал Мадрид уште еднаш ја покажа својата големина во европскиот фудбал и победи на гости во Германија против Лајпциг со 1:0. Брахим Дијаз е стрелец на единствениот гол со кој Кралскиот клуб се најде на чекор од пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Прекрасен беше голот на Дијаз, кој може да го погледнете ТУКА, но сепак друг играч на Реал Мадрид го има епитетот на херој. Голманот Андриј Лунин беше фантастичен и на крајот имаше дури девет одбрани, од кои пет шута беа упатени од шеснаесетникот.

Украинскиот голман успеваше да ги одбрани сите можни удари на противниците, па дури и кога излегуваа сами пред него. Едноставно, Лунин беше како октопод и тој е најзаслужен за победата на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести