Тухел: По загубен меч, секогаш играме добро, против Лацио влегуваме полни со самодоверба

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, тврди дека добрата атмосфера во неговиот тим воопшто не е разнишана, посебно по поразот од Баер Леверкузен со 0:3 во дербито од Бундеслигата. Германскиот стратег е убеден дека баварскиот гигант ќе помине добро на денешното гостување кај Лацио во првиот меч од осминафиналето во ЛШ.

„Не чувствувам зголемување на тензијата. Треба да бидеме самокритични, но мора да останеме сигурни во своите квалитети. Колку повеќе се прави врева и расте тензијата, толку повеќе ние треба да ја задржиме смиреноста. Досега по пораз, секогаш добро сме реагирале. Нашите играчи се критични кон себе и по победите, што покажува колку се високи нашите стандарди“, вели Тухел, кој сепак покажува респект и кон италијанскиот ривал.

„Лацио е дисциплинирана екипа која строго се придржува во својот тактички план и постојано сака да го притиска противникот. Таков е стилот на Маурицио Сари, тимовите кои тој ги водел секогаш оставаат малку простор за игра и тешко е да се победи против нив. Ќе биде голема спортска битка“, додаде Тухел.

- Оглас -

Најнови вести