Пред 10 дена Кристијано Роналдо го прослави 39-тиот роденден, но годините не се пречка за Португалецот уште да биде главен во тимот за којшто игра. Роналдо синоќа беше стрелец на единствениот гол за победа на Ал-Наср во првиот меч од осминафиналето на азиската Лига на шампиони против Ал-Феиха.
По постигнувањето на голот, Роналдо тргна да прославува, но наместо неговиот препознатлив стил со скокање и вртење, овојпат Португалецот реши малку поинаку да прослави. Кристијано само скокна високо, а потоа ги стави рацете на градите како самиот да се прегрнува.