Џуд Белингам пред почетокот на сезонава пристигна во Реал Мадрид и се покажа како огромно засилување. Англискиот репрезентативец одигра 21 меч во шпанското првенство и даде 16 гола, а севкупно во дресот на Кралскиот клуб во 29 средби има 20 погодоци, што само потврдува дека е еден од клучните играчи.
Во Реал сега се загрижени да не го загубат Белингам на подолг период поради еден непромислен потег. На дуелот против Хетафе, Белингам беше обвинет дека го навредил Мејсон Гринвуд, нарекувајќи го „силувач“.
Гринвуд во изминативе неколку месеци требаше да докаже дека се неточни обвинувањата дека извршил сексуален напад над една девојка. Поради тој случај, Гринвуд беше суспендиран од Манчестер јунајтед, а потоа замина во Хетафе.
Доколку се докаже дека Белингам го навредил противникот со тој збор, ѕвездата на Реал Мадрид може да добие сериозна суспензија. Ако биде прогласен за виновен поради „сериозен престап“, Белингам може да добие суспензија од четири меча. Полошо од „сериозен пристап“ е англискиот репрезентативец да биде прогласен за „тежок престап“, што може да значи и суспензија до 10 натпревари.
Ако биде суспендиран на 10 меча, Белингам би можело да се врати на теренот само за последните пет кола во првенството, а тоа би значело дека би го пропуштил и Ел Класико против Барселона на 21 април.