Додека чека нов ангажман, Мурињо открива: „Одбив понуда која ретко кој би ја одбил“

По отказот од тренерската функција во Рома, Жозе Мурињо слободното време го користи за гостувања во емисии, а последното такво гостување беше во поткастот на англиската легенда, Рио Фердинанд.

Мурињо откри дека одбил голем број понуди во својата кариера, а дел од нив се понуди кои тешко дека некој друг би ги одбил.

„Одбив неколку одлични понуди. Едната беше многу тешко да се одбие, а тоа беше понудата да ја преземам репрезентацијата на Португалија. Можев да бидам нивен селектор, но можев да бидам и твој селектор“, му се обрати Мурињо на Рио Фердинад, а потоа потврди дека имал понуда да биде селектор на Англија.

Португалецот во својата тренерска кариера беше на клупите на Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Рома, а последните шпекулации се дека налето ќе го преземе кормилото на Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести