Шахтар и Марсеј одиграа интересни 2-2 во дуел од Лигата на Европа, а со својот 30-ти гол во Лигата на Европа, искусниот Пјер-Емерик Обамејанг се израмни на првото место на вечната листа на стрелци во ова натпреварување.
Африканецот Оба првото место во Лигата на Европа го дели со Јужноамериканецот Радамел Фалкао. Украинскиот тим беше домаќин во Хамбург. Сите четири меча паднаа во второ полувреме, а до 89-тата минута резултатот беше 1-1.
На другите три меча кои почнаа во 18.45 часот, резултатите беа: Феенорд – Рома 1-1, Галатасарај – Спарта 3-2 (Икарди даде победнички гол во 91-вата минута, а на овој меч и двата тима добија по еден црвен картон), Јанг бојс – Спортинг Лисабон 1-3.
Ова е голот на Икарди и лудата радост на турскиот коментатор:
Icardi’nin golü
Galatasaray – Sparta Prag#GSvACS
— Gala Edıtors (@galaeditors) February 15, 2024