Лионел Меси го поканил Нејмар да му се придружи во Интер Мајами. Ова го призна самиот Бразилец, кој се рехабилитира од тешката повреда здобиена есеноска.
„Разговарав со Меси. Тој сака да преминам во Интер Мајами“, рече Нејмар.
Нејмар е играч на саудискиот Ал-Хилал, но ако добие раскин на договорот, следната сезона би можело да заигра во МЛС-лигата и да им се придружи на поранешните соиграчи Меси, Суарес, Бускетс и Алба, со кои пред девет години во дресот на Барселона ја освоија Лигата на шампионите.