За португалскиот стратег Жозе Мурињо лошо започна 2024 година затоа што оби отказ од тренерското место во Рома. Лошите резултати кои ги имаше во последните неколку меча едноставно беа причина за Мурињо да си замине од Римската волчица.
Тој сега има многу повеќе слободно време, па гостуваше во поткаст-шоуто на Рио Фердинанд. Таму Мурињо призна дека му паднало тешко заминувањето од „Олимпико“, а потоа анализираше како може да заврши оваа сезона и кои се клубовите кои би се радувале на титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Во англиската Премиер лига, Ливерпул моментално е лидер со два бода пред Манчестер сити, но Граѓаните имаат меч помалку. Мурињо имаше голема дилема околу тоа кој би бил првак на крајот од сезоната, но реши да прогнозира на тимот предводен од Пеп Гвардиола.
Што се однесува за Лигата на шампионите, за Мурињо има два фаворити.
„Би рекол дека Лигата на шампиони ќе ја освои Манчестер сити или Реал Мадрид. За мене би било големо изненадување ако се појави некој друг клуб на тронот, иако тука не треба да се заборават Баерн Минхен и Пари Сен Жермен. Би сакал на крајот Реал Мадрид да биде првак, и тоа поради Карло Анчелоти и поради самиот клуб“, заклучи Мурињо.