Вечерва ќе бидат познати финалистите на кошаркарскиот Куп на Македонија, откако ќе се одиграат полуфиналните дуели МЗТ Скопје – Работнички и Пелистер – Еуро Никел.
Актуелниот шампион на Македонија и бранител на трофејот од купот, МЗТ Скопје, како фаворит влегува во вечното дерби со Работнички. Квотата за победа на Штрковите во понудата на Sport Life е 1.64, но на вакви дерби-дуели победникот никогаш не може да биде познат однапред, па квотата за победа на Работнички е 2.55.
На вториот полуфинален натпревар, домашниот Пелистер е фаворит против Еуро Никел од Кавадарци. Квотата за победа на битолчани е 1.66, додека за победа на Еуро Никел е 2.30.
Токму домашниот Пелистер е единствената екипа од овие четири кои ќе играат во полуфиналето која го нема освоено трофејот од ова натпреварување, па веројатно и мотивите кај битолчани се големи да се одбрани домашниот терен и Пелистер да го освои првиот кошаркарски трофеј во својата историја.