Неверојатно: Шпанките освоија бронза на СП со гол од половина терен, во последна секунда (Видео)

Репрезентацијата на Шпанија го освои бронзениот медал на Светското првенство во ватерполо за жени и тоа на начин кој ќе се памети уште долго.

Во дуелот за бронза на Мундијалот во Катар, при резултат 9-9, Грција го имаше последниот напад, а нашите соседки решија да ризикуваат и да нападнат без голман, туку со играч плус во поле.

Но, направија фаул во напад и на две секунди до крајот ја загубија топката. Времето беше стопирано, голот на Грција празен, и Елена Руиз даде гол од 15-тина метри, за радост на Шпанките, а шок кај противникот кој бараше голот да биде поништен.

Златниот медал го освои САД, со победа од 8-7 во финалето против Унгарија.

Ова е голот на Шпанките:

https://twitter.com/i/status/1758425176075612405

- Оглас -

Најнови вести