Атанасов: Жал ми е што дербито се играше пред празни трибини

Кошаркарите на МЗТ Скопје во првото полуфинале на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ го совладаа вечниот ривал Работнички 81:76 и утре во финалето ќе имаат шанса да ја одбранат титулата.

Тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов е задоволен од прикажаната игра на неговите кошаркари, но жали што големото дерби се играше пред празни трибини во салата „Боро Чурлески“ во Битола, бидејќи организаторот и КФМ не дозволија присуство на навивачите на скопските екипи.

„Пред се, сакам да истакнам дека многу ми е жал што ова дерби се играше пред празни трибини. Претходните четири меча на овие две екипи беа атрактивни токму поради гледачите и сметам дека со нив, овој спектакл ќе беше потполн. Што се однесува до нашата игра, ако се знае дека сме биле во водствпо 35 минути против нашиот најголем ривал, тоа значи дека сме играле добро. Без разлика на тоа, го забораваме овој натпревар и се насочуваме кон утрешното финале“, изјави тренерот на МЗТ Скопје.

- Оглас -

Најнови вести