Организаторот на завршниот турнир во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, Пелистер утре (18 часот) ќе игра за трофејот откако вечерва во второто полуфинале го совлада Еуро Никел 2005 со 78:68.
Пелистер во финалето ќе игра против бранителот на трофејот МЗТ Скопје Аеродром кој во првото полуфинале го совлада Работнички со 81:76.
Ова воедно ќе биде второ финале за Пелистер во Купот на Македонија, првпат играше во 2009 година кога во битката за трофејот загуби од Амак СП со 77:60.
Во најголем дел од натпреварот, Пелистер беше беше во водство, ја доби првата четвртина (18:13), на одмор замина со предност (39:36), но дилемите околу победникот ги реши дури во последната четвртина. При резултат 59:59, Пелистер направи серија 13:0 за убедливи 72:59. До крајот на мечот пелистерци ја одржуваа предноста и не дозволија неизвесност во финишот.
Најдобар кај финалистот беше Планиниќ со 27 поени и осум скока, Маслинко даде 22, додека кај Еуро Никел 2005 , Смит Меквен беше најпрецизен со 21 постигнат поен.