Радуловиќ: Сите натпревари со Еуро Никел се тврди и секогаш е тесно, победивме бидејќи имавме 17-18 скока повеќе

Кошаркарите на Пелистер по вторпат во клупската историја ќе играат во финалето на Купот на Македонија откако во второто полуфинале беа подобри од Еуро Никел со 78:68.
Тренерот на Пелистер, Дарко Радуловиќ е задоволен од победата и од прикажаната игра на неговите кошаркари.

„Како и за сите натпревари досега со Еуро Никел, така и сега. Беше тесно, тврдо. Секогаш успеаваат да наметнат свое, споро темпо на игра. Одлично ја држат топката и нè тераат многу да работиме во одбрана. Денес победи енергијата кај нас, имавме 17-18 скока повеќе од нив и тоа беше клучно“, рече Радуловиќ.

- Оглас -

Најнови вести