Уругвајскиот репрезентативец, Луис Суарез, донесе одлука за својата кариерата со која ќе ги разочара своите навивачи. 37-годишниот напаѓач изјави дека Интер Мајами ќе му биде последен клуб во кариерата.
„Интер Мајами е мојот последен клуб во кариерата, не можам да бидам поискрен од ова. Моето семејство веќе знае за оваа одлука. Не го знам датумот кога ќе се повлечам, но ова е мојата последна станица и подготвен сум за последниот предизвик.
Морам да мислам и на квалитетот на животот по кариерата. Постојано зборувам за ова и ми се плаче, но морам да се подготвам за овој чекор во кариерата“, изјави Суарез.
https://twitter.com/BalonerosSport/status/1758734877036286122?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1758734877036286122%7Ctwgr%5E5b81b39b561b4e30104baadeacb0cefbe6e98ec1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F24sedam.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F281817%2Flusi-suarez-zavrsava-karijeru%2Fvest
Договорот на Суарез со Интер Мајами е до крајот на годинава, што значи дека ова би можело да биде негова последна сезона во кариерата.