Интересна идеја на Фабрегас, помошникот качен на скеле му помага за тактиката (Фото)

Поранешниот шпански репрезентативец, Францеск Фабрегас, по завршување на професионалната кариера, заплови во тренерските води и со успех го предводи италијанскиот второлигаш Комо, и открива дека на невообичаен начин ја крои тактиката.

Комо моментно се ноаѓа на третото место на табелата во Серија Б со само еден бод помалку и натпревар помалку од Кремонезе кој е втор и е на позиција која носи директен пласман во Серија А.

Фабрегас во интервју за шпанските медиуми открива дека тој и неговиот помошник користат скеле за тактичките детали во натпреварите.

„Да, вистина е, мојот помошник ќе се качи на скеле  за да има поинаков тактички преглед од височина. Ја користиме за да разјасниме некои работи околу тактиката, без разлика дали станува збор за играта во одбрана или во напад“, изјави Фабрегас.

https://twitter.com/eurofootcom/status/1758783710843847108?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1758783710843847108%7Ctwgr%5Ec5391396466d064bf8a67de6f6a5a7c2a52d92f8%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportskacentrala.com%2F2024%2F02%2F17%2Ffabregas-otkrio-pomocnik-sa-skele-pomaze-oko-taktike%2F

 

 

- Оглас -

Најнови вести