Поранешните играчи на Реал го кочат Кралскиот клуб на патот до титулата

Реал Мадрид со киксот против Рајо Валјекано, ги врати во игра Жирона, па и Барселона, во борба за титулата во шпанската лига.

Реал има шест бода плус во однос на Жирона која ја разби пред една недела, а каталонскиот клуб утре има тешко гостување кај Атлетик Билбао, кое ако го добие, би дошле на само минус три во однос на лидерот. И Барселона не се откажува од трката, иако има осум бодови помалку од Кралскиот клуб од Мадрид.

Инаку, познато е дека Реал низ историјата често имал проблеми со своите бивши играчи, а и сезонава тоа е многу изразено.

Од 16-те гола кои Реал ги прими во Ла Лига, половината ги дадоа поранешни членови на првиот или младинскиот состав на гигантот од Мадрид.

Денеска мрежата на Реал ја затресе Раул Де Томас, а голови против Реал сезонава дадоа и поранешните Кралеви Маркос Љоренте, Хуго Дуро, Алваро Мората (два), Борха Мајорал, Серхио Арибас и Хави Муњоз.

- Оглас -

Најнови вести