Фудбалски празник е во Њупорт, кај членот на Втората англиска дивизија денеска гостува шампионот Манчестер сити и според формата на фаворитот можно е да проследиме меч со доста голови. Слична е најавата и за дербито во Бергамо, за дуелот на „Камп Ноу“ и во Хофенхајм, а мадридското дерби во Ла Лига не очекува тврд меч меѓу Рајо Валјекано и Атлетико Мадрид.
Хофенхајм – Хановер (15.30 часот)
Хофенхајм е супер ефикасен сезонава, при врвот е во Бундеслигата според бројот на постигнати погодоци, но речиси редовно во досегашните 21 коло и примаше барем по еден гол. Имаат најмногу нерешени во Бундеслигата, дури 9, а токму на толку натпревари како гостин Хановер не успева во серија да го победи Хофенхајм.
И денеска тимот што го предводи Јулијан Нагелсман е фаворит за победа, но Хановер мора да се обиде со офанзивна игра да дојде во шанса за подвиг во битката за опстанок во Бундеслигата.
Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.05) Квота на денот
Рајо Валјекано – Атлетико Мадрид (16.15 часот)
На девет меча по ред Рајо Валјекано го нема победено Атлетико Мадрид, сметајќи ги мечевите во Ла Лига и во шпанскиот куп. Последниот триумф им е на 10 февруари 2013 година. И сега гостите се фаворити, во меч во кој бодовите се исклучително важни за двете екипи.
Атлетико се уште има шанси за титулата, иако е зад Барселона и Реал Мадрид на табелата во Ла Лига. Рајо се бори за опстанок, а и двете екипи сакаат победа по двата врзани порази.
Предлог тип: 2>1 (2.07)
Њупорт – Манчестер сити (18.30 часот)
Денеска е фудбалски празник во Њупорт и на гости на членот на Втората англиска Дивизија му доаѓа шампионот на Англија. Њупорт веќе приреди една голема сензација во ФА купот со елиминација на Лестер и тоа како гостин, но тешко е да се претпостави дека и Манчестер сити може да падне во битката со послаборангираниот ривал.
Њупорт игра цврст фудбал, но гостин му е разиграниот Мначестер сити, па головите се очекувана и најдобра варијанта за типување.
Предлог тип: 2+I&2+II (2.50) Квота на денот
Аталанта – Милан (20.30 часот)
Како да се победи Аталанта е во мислите на сите што при срце им е Милан, клуб кој нема триумф на седум меча по ред во меѓусебните дуели. Последната победа против незгодниот тим од Бергамо им е во мај 2015 година и тоа токму на „Атлети Аѕури ди Италија“, стадион на кој и вечерва гостува Милан.
Аталанта нема пораз во 2019 година и на осум меча по ред во сите натпреварувања, сезонава е хит во Италија и рамноправно се носеше со сите екипи. Џанпјеро Гасперини одлично го предводи тимот од клупата, па евентуален триумф против Милан би бил нов поттик за Аталанта.
Милан игра се подобро и влезе во серија мечеви без пораз, а Пјонтек и Пакета брзо се вклопија во системот на игра на Џенаро Гатузо.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.07)
Барселона – Валјадолид (20.45 часот)
Барселона веќе не смее да си дозволи кикс и мора да ги победува ривалите од калибарот на Валјадолид, ако сака титула во Ла Лига. По двата нерешени натпревари со Валенсија и Атлетик, сега се чини дека доаѓа противник по мерка за враќање на победничките патеки.
Интересно е што Валјадолид осбои повеќе бодови како гостин, 14, отколку кога игра на својот стадион „Зорилја“. Но, се чини Барселона е преголем залак, иако во Ла Лига има доста изненадувања. И традицијата е на страната на Каталонците, па се очекува нивна победа, зачинета со неколку голови во мрежата на Жорди Масип.
Предлог тип: 1&4+ (2.15) Квота на денот