Килијан Мбапе и дефинитивно на крајот од сезоната си оди од ПСЖ, со што се става крај на драмата околу неговата иднина. Но, поранешниот претседател на ПСЖ, Алан Кајзак, вели дека ова воопшто не било драма, но е голем удар за угледот на клубот.
– „Ова е тежок удар за клубот, бидејќи Мбапе е еден од најдобрите играчи на светот, но не е катастрофа. Не е ова никава драма, но добра вест дека на неизвесноста ѝ дојде крајот. Ова веќе стана неподносливо. Сега конечно можеме да размислуваме на иднината и да го оставиме Луис Енрике да ги примени своите принципи на игра. ПСЖ не може без ѕвезди, Мбапе си заминува, но има и други фудбалери. Заминувањето на Мбапе нема да го промени системот.“ – вели Кајзак за „Мундо депортиво“.
Алан Кајзак беше претседател на ПСЖ од 2004-тата до 2008-мата година.