Баерн Минхен се посрамоти на гостувањето кај Бохум и загуби со пресврт, а овој пораз веројатно значи и губење на титулата по низа од 11 години по ред како шампиони во Бундеслигата.
Хари Кејн убедливо е најдобриот фудбалер на Баварците оваа сезона, кој е во клубот за да освојува трофеи, но синоќа буквално се посрамоти во 19-тата минута, кога веќе неговата екипа имаше водство од 0-1, а тој многу рано можеше да ја запечати победата.
Англичанецот доби идеално проигрување во празно од Мусијала, излезе очи во очи со противничкиот голман, но ја упати топката високо над голот на Бохум.