„Марка“ тврди: Мбапе пред две недели потпишал за Реал!

Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека Килијан Мбапе веќе го има потпишано договорот со Реал Мадрид, и тоа уште пред две седмици. Весникот кој важи за близок до Кралскио клуб изнесува и детали од наводно потпишаниот договор на Французинот со Реал. Тој ќе биде со важност од пет години, а Мбапе ќе заработува по 20 милиони евра од сезона, плус дополнителни бонуси и дел од маркетиншките права.

Тоа значи дека францускиот репрезентативец се согласил на многу помала плата од онаа која ја имаше во ПСЖ, каде што заработуваше по 72 милиони евра годишно. Мбапе од ПСЖ си оди како слободен фудбалер и Реал за него нема да му плати на ПСЖ ниту евро.

Светците долго се обидуваа да го задржат, но не успеаја во таа намера, па сега на Мбапе ќе му се исполни желбата и од лето ќе игра за Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести