Озил пропушти 100 меча, Кион го нападна за срамен однос кон Арсенал

Месут Озил не играше точно на 100 меча за Арсенал, откако е член на топчиите, а неславниот јубилеј го прослави на клупа во Борисов, во поразот од белоруски Бате во Европа Лигата.

„Ваквата ситуација е на раб на срамен однос. Да се пропуштат 100 натпревари е несериозно и многу чудно. Повреден ли е, можеби има здравствени проблеми? Една од најважните работи во професионалниот фудбал е играчот секогаш да биде максимално подготвен и секогаш на располагање“, изјави Мартин Кион, во улога на стручен комантатор во Би-Би-Си.

Озил е убедливо најплатениот фудбалер во Арсенал со 20 милиони евра годишна плата, а го навлече и бесот на топчиите кога оваа зима одб и да замине во ПСЖ како позајмен играч, иако се беше договорено меѓу двете страни.

- Оглас -

Најнови вести