Полиција го „чешла“ Олимпискиот комитет на Македонија?!

Порталот „Нетпрес“ објави дека припадници на Министерството за внатрешни работи по налог на надлежен јавен обвинител денеска влегле во Македонскиот олимписки комитет поради сомневања за злоупотреби.

Првичните неофицијални информации на „Нетпрес“ се дека покрената е полициска истрага за злоупотреба на службена должност за неколку лица за работењето на Олимпискиот комитет, како и за сомневања околу наводни нерегуларности при неодамнешниот избор на претседател на оваа спортска организација на чие чело е Даниел Димевски.

- Оглас -

Најнови вести