Зинедин Зидан ќе седне на клупата на Баерн Минхен?!

Трите порази само за осум дена ја прелија чашката кај управата на Баерн Минхен, која веќе започна потрага по нов тренер и веќе стапиле во контакт со Французинот, кој веќе две години е без ангажман.

Според германските медиуми, челниците на Баерн Минхен го контактирале Зинедин Зидан и му понудиле да го наследи Томас Тухел, кој може и да не го дочека крајот на сезоната на клупата на баварскиот тим.

https://twitter.com/mmarcelandreas/status/1759542440288043074

 

Наводно, првичните контакти биле остварени уште пред осминафиналниот дуел во Лигата на шампионите против Лацио (0:1), кој се играше во средата, но засега нема информации дали Зидан, кој досега седеше само на клупата на Реал Мадрид во два мандати, ја прифатил понудата.

Освен Зидан, желба на управата на Баерн Минхен е и Чаби Алонсо, но на актуелниот тренер на Баер Леверкузен попримамлива му е опцијата да го наследи Јирген Клоп во Ливерпул.

Германските медиуми шпекулираат дека опција за клупата на Баерн се и Ханси Флик, кој го предводеше тимот до титулата во ЛШ во 2020 година, како и Антонио Конте, кој е без ангажман по заминувањето од Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести