Во Баерн се подготвува чистка: Само четворица фудбалери се сигурни дека ќе останат, меѓу нив е и „малерот“

Баерн Минхен игра една лоша сезона во која може да остане без ниту еден освоен трофеј. Тимот нареди три порази во низа, што дополнително го запали алармот во најтрофејниот германски клуб.

Според најавите, по завршување на сезоната, во Баерн ќе има чистка во екипата. Само четворица фудбалери се сигурни дека нема да добијат „шут-карта“. Хари Кејн, кој дојде на почетокот на оваа сезона и игра одлично, со 25 гола во 22 меча е сигурен дека нема да си оди. Покрај Англичанецот, сигурни се и тројца Германци, и тоа Нојер, Милер и Муслера. За сите останати нема гаранција дека ќе останат во најтрофејниот германски клуб.

Интересно е дека оваа лоша сезона е по доаѓањето на Кејн во составот. Голгетерот е познат како „малер“ затоа што во кариерата нема освоено ниту еден трофеј. Кејн се надеваше дека сигурно со доаѓањето во Баерн ќе дојдат и трофеите, но тимот е елиминиран од Купот на Германија, го загуби и Суперкупот во земјата, а заостанува осум бода во трката за трофејот во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести